Ѓорѓиоски: Ваков аматеризам како во Грција не сум видел на друго место

5671

Трофејниот македонски фудбалски стратег и поренешен претседател на Фудалската Федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски по краток период минат во таборот на грчкиот второлигаш Каламата си замина од таму. Причините како што самиот Ѓорѓиоски ги наведува во опширна изјава за локалните медиуми, се зачудувачки аматерските услови кои клубот ги нудел и катастрофалното однесување на дел од управата на клубот.

„Вакво нешто немам видено на друго место. Патувавме по 15 саати за еден меч пристигнувавме пред самиот дуел. Два и пол месеци чекаме за програмата за анализа на мечевите. Немаме тренер на голмани. Кога потпишував договор, истиот беше со важење на 1.5 година, за да по два месеци ми речат од управата да потпишам друг. Потоа без никој да ми се јави од клубот дознав дека сум сменет. Ова е и повеќе од разочаруачки. Врз претседателот имаат влијание некои чудни луѓе. За поразите против Кифиси, Егалео и Калитеа можам да понесам одговорност само за последниот. За останатите два прашајте на друго место. Без мое прашање беа доведувани играчи од странство. Со еден збор катастрофа“ – вели Ѓорѓиоски за медиумите во Грција.

 

ПретходноВинченцо Италиано најголем кандидат за клупата на Наполи
СледноРакометарките поразени и од домаќинот