Нашите ракометарки и во четвртиот меч од ЕП на плажа кое се одржува во Португалија, попладнево го доживеаја и четвриот пораз, овојпат од Италија. Сепак за утеха нека биде тоа што Македонија на овој дуел го освои првиот сет на шампионатот. Попладнево загубивме со 1:2 во сетови (12:28, 15:12 и 4:6).
Да споменеме дека во нашиот табор со 9 поени најдобра беше Диневска, додека Гуличоска имаше шест.
Инаку ова беше првиот меч за нашите ракометарки во групата во која ќе се разигруваме за пласман од 9 до 16 место. Допрва ќе играме со Романија и Унгарија.