Кошаркарите на Мајами ќе останат без услугите на Тајлер Хиро до крајот на сезоната, откако стана јасно дека тој нема да може да се опорави за да се врати евентуално за големото НБА финале. Мајами има предност од 3:1 во финалето на Истокот против Бостон и е на победа до пласман во големото финале каде за противник го чека Денвер, кој веќе славеше над ЛА Лејкерс со 4:0.
Сепак, и да се случи тоа, Хиро не ќе може да им помогне на „жешките“ во трката за шампионскиот прстен.
„Нему му претстои долг пат за опоравување. Финалето на НБА ќе започне на 1 јуни и тој дефинитивно нема да биде подготвен до тој момент. Исто така, не гледам сценарио каде тој може да биде вратен во игра дури и кон четвртиот меч од финалето“, вели колумнистот од Мајами, Вил Мансо.
На 21 април, Хиро беше опериран поради фрактура на десната рака. Најавите беа дека тој ќе ги пропушти натпреварите во период од најмалку 6 недели.