Ивановски и Бугариќ со пласман во 1/4 финалето на турнирот во Скопје!

213

Калин Ивановски неочекувано уште на стартот на турнирот во Скопје беше елиминиран во сингл, но затоа во двојки добро му оди. Денеска на терените на ТК Југ, Ивановски со Берк Бугариќ успеаја да слават против индиската двојка Раџа Пуран и Дивиј Шаран во рамките на осминафиналето и тоа со 2:1 во сетови, додека во гемови беше 6:4, 1:6 и 10:7, па така остварија пласман во 1/4 финалето.

Во оваа фаза нив ги чека меч против двојката Петр Ноуза и Ендрју Полсон.

ПретходноПСЖ веќе го договорил Луис Енрике!
СледноИ Челси во трката за потписот на Лео Меси!