Иниеста „раскина“ со Висел Кобе, но и на 39 години очекува нов трансфер

282

Андрес Иниеста по пет години го напушта јапонски Висел Кобе, но се уште нема да ја заврши кариерата. Иниеста неодамна наполни 39 години, а наскоро ќе се впушти во својата следна авантура.

Висел Коби штотуку го објави своето збогување со Иниеста по пет години соработка. Шпанецот дојде во јапонскиот клуб од Барселона во 2018 година и оттогаш одигра 133 натпревари и постигна 26 гола.

Според новинската агенција АП, Иниеста најавил дека очекува да ја продолжи кариерата, но се уште не може да каже каде. Во минатото имаше информации дека Иниеста сака да замине во САД или на Блискиот Исток.

ПретходноПолицијата го посети Џа Морант по чудните објави на социјалните мрежи
СледноБарди следната сезона ќе се врати во Шпанија?