Каламата му “врати“ на Ѓорѓиоски: Неговиот карактер и однесување не убеди дека тој не е вистинскиот човек за оваа позиција!

2450

Откако си замина од Каламата, тим од Грција, Илчо Ѓорѓиоски за тамошните новинари “распали“ по неговиот досегашен клуб. Мало изненадување за тамошната јавност, но не поминаа ни неколку часови со соопштение се јави и самиот клуб Каламата.

Во сопштението стои:

Карактерот и однесувањето на г-динот Ѓорѓиоски и додека беше на клупата на нашиот тим, не убеди дека тој не е вистинскиот човек за оваа позиција. Уште еднаш сам ги собра новинарите за да искаже работи кои не доликуваат. Тој пред месец и половина прекина секаква комуникација со претседателот и не го информирал за случувањата во екипата и дали има некои проблеми. Кажа дека не му се допаѓале условите, тогаш зошто ја презеде екипата откако беше запознаен со сите услови?

Промената на неговиот договор е направена поради тоа што во оригиналот имаше УЕФА про лиценца со име Македонија, и грчкиот фудбалски сојуз не му ја признаваше. Самиот побара смена на тренерот на голманите, и го прифативме неговото барање. Кога беше ангажиран, преодниот рок беше завршен. Никој нема влијание во клубот, било да е новинар или навивач.

Најсмешно е тоа што вели дека играчите немаат победнички менталитет. Ни вели дека го загубил мечот со Калитеа, а поразите од Кифисија и Егалео треба да ги бараме на друго место, ама не кажа каде. Ќе мора да објасни пред надлежните органи. Каламата е семејство и има единствно меѓу претседателот и акционерите и сите работиме да го вратиме клубот каде му е местото. Во Супер-лигата со Мурињо или без него…“, стои во соопштението на клубот.

ПретходноИ Челси во трката за потписот на Лео Меси!
СледноМакедонија навива за Новак: Ѓоковиќ доби македонски дрес со бр.10! (ФОТО)