Легендата на КК Реал (М), Серхио Љуљ го одигра својот 1000-ти натпревар во дресот на „кралскиот клуб“. Единствениот „мадридист“ кој го надминал овој рекорд е Фелипе Рејес, кој се повлече со 1046 настапи.
Серхио Љуљ достигна го прослави својот 1000-ти натпревар бранејќи го дресот на Реал Мадрид во победата против Бетис во шпанската лига со 79-77. Ова достигнување го зацврсти неговото место како втор играч во историјата на клубот кој достигнал извонредна бројка од 564 натпревари во АЦБ лигата, 374 натпревари во Евролигата итн.).
Во текот на неговите славни 17 сезони како „мадридиста“, Љуљ, кој му се приклучи на тимот на 19-годишна возраст во сезоната 2006/07, собра импресивна колекција од 25 титули. Меѓу нив се 3 титули во Евролигата, 1 Интерконтинентален куп, 7 национални првенства, 6 трофеи во Копа дел Реј и 8 трофеи од шпанскиот Суперкуп. Севкупно, Љуљ има 751 победа, што е неверојатно блиску до апсолутниот рекорд на Рејес, заостанувајќи со само три победи од него.