Флорида е прв финалист во големото НХЛ финале

53

Флорида Пантерс се првиот финалист во големото НХЛ финале. Синоќа тимот кој го освои осмото место во Источната конференција сега ќе има можност да се бори за големиот пехар, откако со 4:3 ја совлада Каролина и со максимални 4-0 во победи обезбеди место во борбата за трофејот.

Последен пат Флорида Пантерс играше во финалето на плејофот на НХЛ во 1996 година, кога загубија со 4-0 од Колорадо предводен од легендарниот Џо Сакиќ.

Во финалето на Западот Вегас Голден Најтс води против Далас со 3-0 и му недостасува само уште една победа за да им се приклучи на „пантерите“ во големото финале. Минатогодишните шампиони, Колорадо, оваа сезона беа елиминирани уште во првото коло од плеј-офот.

ПретходноБарди следната сезона ќе се врати во Шпанија?
СледноНеверојатна кариера: Љуљ синоќа го одигра 1000-тиот натпревар во дресот на Реал!