Голден Арт „падна“ во Прилеп!

74

Прилеп со победа ја заврши оваа сезона. Во последниот меч од плеј-аут лигата на домашен терен го совлада лидерот на табелата Голден Арт со убедливи 31-25.

За прилепскиот тим ова беше седми триумф, има две ремија и пет порази. Голден Арт останува на првото место во овој поредок, сезоната ја завршува со 10 победи и четири порази.

Домаќинот дуелот го доби во првиот дел, по кој имаше предност од осум гола (18-10). Гамзардија, Бурчески и Гавашелишвил со по пет погодоци беа лидери. Кај гостите, на ниво на задачата беше Шилегов со седум гола.

ПретходноУкраина го објави составот: Без селектор и без Зинченко и Конопљанка
СледноТалески две години во Бенфика, вардаровите фанови емотивно се збогуваа!