Во петтиот меч одигран претпладнево на ЕП на плажа во Португалија, нашата женска репрезентација го претрпе и петтиот пораз. Подобар ривал беше селекцијата на Романија која успеа со 2:0 да слави над нашите ракометарки. Во првиот сет беше 25:14, додека во вториот се водеше рамноправна борна, но сепак Романките го добија минимално со 15:14 а со тоа и овој натпревар.
Во нашата селекција најдобра беше Божиновска со 12 поени.
Инаку овој меч беше од разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на ЕП во Португалија.