Рајковиќ и следната сезона на клупата на ЦСКА Москва!

203

И покрај фактот што не успеа неговиот тим да го однесе во финалето и со тоа да ја одбрани титулата во ВТБ лигата, сепак Емил Рајковиќ и во следната сезона ќе го предводи составот на ЦСКА Москва. Раководството на рускиот гигант е задоволно од работата на македонскиот стратег, па така, барем според пишувањата на медиумите во Русија, нема намера да менува нешто во стручниот штаб.

Да потсетиме дека Рајковиќ на крајот го освои третото место во ВТБ лигата, титулата отиде во рацете на Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казан, но тоа нема да биде пречка тој да не остане и натаму на клупата на повеќекратниот европски првак.

Инаку од познати причини „армејците“ и следната сезона неда да играат во Евролигата.

ПретходноХаланд го одбра својот омилен гол сезонава во ПЛ! (ВИДЕО)
СледноРеал и Барса го загубија “Ел Класико“ во Ла Лига!