Денеска стартува последното коло од плеј-оф и плеј-аут лигата оваа сезона. Натпреварот против Охрид во рамките 14 коло е последен за петмина ракометари во дресот на Бутел Скопје, како и за тренерот Кристијан Грчевски.
Својот последен натпревар го играат голманот Филип Ивановски, левото крило Мирко Мајиќ, пивотот Владимир Јевтиќ, како и левите бекови Мартин Манасков и Јовица Младеновски.