Прилеп со победа ја заврши оваа сезона. Во последниот меч од плеј-аут лигата на домашен терен го совлада лидерот на табелата Голден Арт со убедливи 31-25.
За прилепскиот тим ова беше седми триумф, има две ремија и пет порази. Голден Арт останува на првото место во овој поредок, сезоната ја завршува со 10 победи и четири порази.
Домаќинот дуелот го доби во првиот дел, по кој имаше предност од осум гола (18-10). Гамзардија, Бурчески и Гавашелишвил со по пет погодоци беа лидери. Кај гостите, на ниво на задачата беше Шилегов со седум гола.