Детали за обложувачкиот скандал: Тони дури 13 пати се обложувал против својот клуб!

685

Фудбалскиот сојуз на Англија го суспендираше на осум месеци репрезентативецот на Англија и напаѓач на Брентфорд, Ајван Тони за обложувње. Објавени се детали околу скандалот во кој е тој поврзан, а се информира дека посочениот фудбалер во минатото дури во 13 наврати се обложувал против својот тим. И тоа 11 пати против Њукасл во времето кога бил на позајмица во Виган, а двапати и против Виган, но сепак не играл на тие два меча.

Инаку тој во периодот од 2017 до 2021 година дури повеќе од двеста пати се обложувал и со тоа го прекршил правилникот за обложување.

Инаку целата афера или скандал изби токму во моментите кога Тони играше во животна форма во дресот на Брентфорд сезонава.

ПретходноБразилски перфоманс во Истанбул: Атрактивна Анита ќе пее во финалето на ЛШ!
СледноЕХФ го суспендираше Драган Начевски!