Екипата на ЖРК Чаир се пофали со големо засилување. Македонскиот суперлига се засили со една од најдобрите ракометарки на Турција, Севдa Озкан која игра како десен бек и десно крило.
Се работи за ракометарка која потекнува од школата на Бурса, а во Чаир доаѓа од Анкара. Таа е и турска репрезентативка.
„Ова е сериозен проект. Градиме одличен тим за претстојната сезона и потписот на Севдa Озкан е дел од проектот. Имаме квалитетни ракометарки на секоја позиција.“, соопштија од клубот.