Европската ракометна Федерација (ЕХФ) одлучи привремено да суспендира Драган Начевски од местото член на судењето во Натпреварувачката комисија. Ова официјално го објави ЕХФ и тоа поради пријава од данската ТВ2, кој го поврзува со наводно местење на натпревари.
Имено, ТВ2 го информирала ЕХФ дека има има видео материјали од јануари 2020 и состанок на Драган Начевски со извесен бизнисмен, за приклучување на кинески тим во СЕХА. Наводно на тој состанок се разаговарало и за темата за местење на натпревари.
Данската ТВ2 вели дека на овој состанок Драган Начевски во неколку наврати одбил понуда да учествува во местење на натпревари, но како и да е, не се дистанцирал комплетно од ситуацијата и на тој начин испратил погрешни сигнали.
Драган Начевски писмено демантирал дека учествувал во какви било местења на натпревари.
За да го заштити интегритетот на институцијата и спортот, ЕХФ донел одлука да го ослободи Драган Начевски од обврските во Натпреварувачката и во Судиската комисија до следната одлука.