Мајнц може да му донесе титула на Баерн, Тухел: Им дадовме подарок, некој е во долгови!

4624

Во сабота се игра последното коло во германската Бундес-лига по што ќе дознаеме дали Баерн ќе ја освои 11-та титула во германскиот шампионат или Борусија Дортмунд ќе ја земе првата титула по 2012. „Жолто-црните“ имаат два бода повеќе од Баерн и ако утре го победи Мајнц на домашен терен ќе ја освои титулата. Баварскиот гигант гостува во Келн и му треба победа со реми или пораз против Борусија за да ја освои 11-та последователна титула на Германија.

„Немам порака за Борусија. Ние имаме наша работа. Премногу пати погрешивме. Сега ќе се обидеме да ја завршиме трката и да дадеме се од себе, но ова веќе не е сезона која би била задоволителна. Не треба да го гледаме нивниот натпревар бидејќи ни е јасно дека прво треба ние да го победиме мечот“, изјави тренерот на актуелниот шампион Томас Тухел на прес-конференцијата.

Баварците ги освоија последните 10 титули во лигата, но можеа да видат крај на нивната доминација во Бундесл-игата, останувајќи без ниту еден трофеј по изненадувачкото доаѓање на Тухел на крајот на март кога го замени Нагелсман.

На прашањето дали размислувал за некоја награда или подарок како премија за Мајнц доколку зема бодови од Борусија, Тухел рече: „Им испорачавме подарок пред четири недели. Некој е во големи долгови“.

Тухел мислеше на поразот на Баерн од Мајнц со 3-1 на 22 април. Сите натпревари од последното коло се играат од 15:30 часот.

ПретходноДинамо Киев покажа бомбардиран стадион и ја повика Барса да игра во руското првенство!
СледноБутел Скопје им се заблагодари на петмина ракометари и тренерот Грчевски!