Милевски во четврток бира за Украина и Англија

932

Селекторот на Македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски в четврток, на 1. јуни ќе го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за претстојните квалификациски дуели против Украина на 16 јуни во Скопје, како и против Англија три дена подоцна во Манчестер.

Составот според информациите на Спортмедиа нема да содржи некакви драстични промени од оној претходниот кој го имавме на располагање, освен секако ако не го бориме одуството на Бојан Миовски.

Напаѓачот заработи сериозна повреда на последниот првенствет дуел на неговиот Абердин и тежната на повредата сеуште не е дефинитивно позната.

Во понеделник ќе се знае што е со Миовски

Самиот Миовски веднаш по дуелот ја сподели информацијата дека нема скршеница на зглобот но сеуште не е позната ситуацијата со лигаментите. Сминката од истите ќе биде прегледана уште подетално од специјалист и в понеделник ќе се знае точната информација.

 

ПретходноТен Хаг: Требаше да постигнеме повеќе голови
СледноЛампард: На тимот му треба сериозна промена