Македонската женска репрезентација во ракомет на плажа го запиша шестиот пораз на Европското првенство кое се одржува во Португалија. Избраничките на Златко Мојсоски беа совладани од Унгарија со 2-0.
Противникот одигра моќно во првиот сет, го доби со убедливи 26-8, додека во вториот сет играта беше порамноправна, но резултатот беше во корист на Унгарките, кои беа подобри со 10-14.
Ива Божиновска и Бојана Диневска со по шест поени беа најдобри стрелци, четири погодоци имаше Теодора Гулицоска.
Нашата репрезентација ќе одигра уште два меча во битката за краен пласман на континенталното натпреварување во ракомет на плажа.