Пелистер 2 и Бутел Скопје со победнички крај!

78

Денеска стартуваше последното коло во рамките на плеј-офот во Супер-лигата. Пелистер 2 на домашен терен го доби дуелот против Пролет со 28-25. Вториот битолски тим дојде до третата победа, а сезоната ја завршува со 11 порази. На другата страна Пролет има една победа, реми и 12 порази.

Домаќинот имаше комотна предност одпет гола во вториот дел (20-15 и 21-16), но гостите кои оваа сеозна се покажаа како големи борци не им дозволија лесно да го завршат мечот. Израмнија на 22-22, па мечот прејде во неизвесна завршница, која сепак им припадна на битолчани.

Ѓорговски со 13 гола беше предводник кај победникот, на другата страна Додевски и Палевски имаа по осум погодоци.

Бутел Скопје лесно го доби Охрид, на домашен терен славеше со убедливи 24-17 Скопскиот состав има скор од пет победи и девет порази, додека на другата страна гостите имаа ист скор.

На оваа средба домашниот тим се раздели со петмина ракометари и тренерот Кристијан Грчевски, што најави комплетна реконструкција на составот, но и стручниот штаб за следната сезона.

Мајиќ и Давитковски со по шест гола беа лидери кај победникот, во редовите на Охрид Шешиќ запиша пет погодоци.

ПретходноЧетириминутно уживање во мајсториите на Ненад Димитријевиќ (ВИДЕО)
СледноУкраина го објави составот: Без селектор и без Зинченко и Конопљанка