Тудор ќе го напушти Олимпик Марсеј

218

Иако има договор на уште една сезона, хрватскиот стратег Игор Тудор нема да биде повеќе тренер на тимот на Олимпик Марсеј.

Ова италијанските медиуми го пренесуваат како готова работа пред се поради фактот што самиот Тудор најави состанок со раководството на клубот, и решавање на ситуацијата.

Тудор од 2013 година е во тренерските води и беше дел од голем број на гиганти. Хајдук, ПАОК, Карабукспор, Галатасарај, Удинезе и Верона беа екипите кои ги водеше досега, а најавен е негов кам бек токму во Италија.

 

ПретходноОграбен домот на Џастин Клајверт, нападната и неговата девојка
СледноПораз од Србија во Стара Пазова