Украина го објави составот: Без селектор и без Зинченко и Конопљанка

1002

Фудбалската федерација на Украина го објави списокот на 27 фудбалери кои се дел од националниот тим за претстојните квалификациски натпревари за ЕП 2024 година што ќе се одиграат во јуни.
Украина ќе игра пријателски меч со Германија (12 јуни), а потоа и квалификациските натпревари со Македонија (16 јуни) и Малта (19 јуни).
Украинците го претставија тимот, но се уште немаат селектор. Се очекува предводник да биде Сергеј Ребров откако тој ќе ја реши ситуацијата со својот клуб.

Во составот го нема Зинченко од Арсенал и искусниот Конопљанка кој има 81 настап моментално настапува во Краковија. Играчот на „топчиите“ се повреди и веројатно затоа и отпадна од комбинација.

Голмани: Георги Бушан (Динамо Киев), Анатолиј Трубин (Шахтјор), Андреј Лунин (Реал Мадрид)

Одбрана: Микола Матвиенко, Валери Бондар, Јефим Конопља (сите од Шахтјор), Олександар Тимчук (Динамо Киев), Олександар Сваток (Дњепар), Витали Миколенко (Евертон), Илија Забарњи (Борнмут), Едуард Собол (Стразбур), Сергеј Кривцов (Интер Мајами)

Среден ред: Тарас Степаненко, Олександар Зубков, Георги Судаков (сите од Шахтјор), Сергеј Сидорчук, Виталиј Бујалски (двајцата од Динамо Киев), Олександар Пикалијоник (Дњепар), Андреј Јармоленко (Ал Аин), Руслан Малиновски (Марсеј), Виктор Циганков (Џирона), Михајло Мудрик (Челзи), Данил Игнатенко (Бордо), Владислав Кочергин (Раков)

Напад: Роман Јаремчук (Бриж), Артем Довбик (Дњепар), Владислав Ванат (Динамо Киев)

Листа на резервни играчи:
Караваев, Шапаренко (двајцата од Динамо Киев), Микаличенко, Швед (двајцата од Шахтјор), Качараба (Славија).

ПретходноПелистер 2 и Бутел Скопје со победнички крај!
СледноГолден Арт „падна“ во Прилеп!