Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа е елиминирана во полуфиналето во и во двојки на турнирот во Оточец, Словенија.
Најдобрата македонска тенисерка и нејзината партнерка Деа Херџелаш беа поразени од Мариана Дражиќ и Емили Вебли-Смит со 3-6, 6-4 и 10-8.
Ѓорческа претходно беше поразена и во четвртфинале во сингл-конкуренција од првата носителка на турнирот Ирина Бара од Романија.