Сампдорија-Сасуоло одиграа 2:2 во претпоследното коло од италијанската Серија А, а овој меч беше посебен за ветеранот Фабио Кваљарела кој со солзи во очите го напушти стадионот „Луиџи Ферарис“ во Џенова.
Сампдорија поведе со голот на Габијадини во 8 минута, а гостите со два брзи гола преку Берарди и Матеус направија пресврт. Сампдорија изедначи во 78 минута со автогол на Ерлиќ.
Сампдорија испадна во Серија Б, легендарниот напаѓач Кваљарела доби стоечки овации од навивачите и со солзи во очите го напушти теренот. 40-годишниот фудбалер ќе стави крај на кариерата, па овој меч му беше последен во кариерата пред домашната публика. Остана уште едно коло за да биде спуштена завесата сезонава во Серија А.
40-year-old Fabio Quagliarella is subbed off at home and shown love by the Sampdoria fans.
A Serie A legend. 💙 pic.twitter.com/IfuYrQR6vT
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) May 26, 2023