Како што стојат работите, тимот на Челзи колективно едвај чека да заврши тековната сезона. Клубот од Лондон има катастрофална серија на резултати што доведе до тоа Челзи да е поблиску до зоната за испашање отколку до местата кои водат во Европа, па самото тоа кажува во каква состојба е тимот и атмосферата внатре.
Синоќа Челзи среде Олд Трафорд загуби од Манчестер Јунајтед со 4:1 во меч во кој тимот ги покажа сите свои мани. Огромен проблем во одбраната, а при тоа промаши пет шест зицер ситуации за да постигне гол во клучните моменти од мечот.
„Ова е лоша година за клубот. Важно е да се разбере како ова може да се подобри. На составот му е потребна промена, клубот ќе работи на оваа тема летово. Некои работи треба да се подобрат за да се достигне потребното ниво. Бројот на голови што ги постигнавме оваа сезона покажува дека нашиот проблем е што не постигнуваме доволно голови“, рече менаџерот на Челзи, Френ Лампард.