Арби Воша си замина од Македонија ЃП

1222

Освојувачот на Купот на Македонија екипата на Македонија Ѓорче Петров се раздели со уште еден фудбалер. По бразилскиот интернационалец Матеус Лемос, клубот од Ѓорче Петров го напушти и младиот напаѓач Арби Воша на кого му истече договорот. Фудбалерот одлучил да побара нов клуб, а Македонија ЃП му посака среќа во понатамошната кариера.

21-годишниот Воша кој потекнува од школата на Ѓорче Петров, со првиот тим освои два куп трофеи. Во пет сезони одигра 113 натпревари на кои постигна 15 голови.

Истовремено Филип Алексовски потпиша нов двегодишен договор. И тој како и Воша потекнува од школата и со првиот тим освои два куп трофеи.

 

ПретходноПо примерот на големите светски клубови – Тиквеш му приреди „шпалир“ на шампионот
СледноВардар и фановите им се поклонија на Талески и Моралес!