Вардар 1961 пред натпреварот со Алкалоид им се заблагодари на двајца ракометари кои следната сезона нема да го носат „црвено-црниот“ дрес. Филип Талески и Куни Моралес добија врамен дрес.
Македонскиот репрезентативец во следната сезона се сели во тимот на Бенфика, потпиша двегодишен договор, додека Моралес оди во ППД Загреб.