Меси со гол му обезбеди нов шампионски наслов на ПСЖ (ВИДЕО)

522

ПСЖ на коло пред крајот на сезоната во Франција и официјално е нов (стар) шампион!. Вечерва парижани одиграа 1:1 на гости кај Стразбур што им беше доволно и математички да ја потврдат деветтата титула во последните 11 сезони.

ПСЖ вкупно ја прославува 11-тата титула со што стана и рекордер, со оглед на тоа што Ст. Етјен има 10 титули, Марсеј има 9.

Голот вреден титула го постигна Лео Меси. За него ова беше вкупно 43. трофеј во фудбалската кариера.

35-годишниот напаѓач најверојатно ќе си замине од Париз ова лето, но ќе забележи уште еден шампионски пехар во своите витрини.

Претходно„Нероаѕурите“ ја совладаа Аталанта: Интер и математички е во Лигата на шампионите (ВИДЕО)
СледноСаво Милошевиќ ќе го тренира Левски