Се чини дека она што се најавуваше, а „Спортмедиа“ го најави уште пред десет дена, и ќе се оствари. Имено Ардијан Нухиу ќе биде новиот стратег на Шкендија. Имало преговори во изминатите неколку денови и тие завршиле успешно, остануваат само уште некои детали да се разрешат и се случи официјалната промоција.
Изненадување дека негов прв соработник ќе биде Муарем Бајрами кој до пред некој месец беше шеф на струката на Македонија ЃП, а претходно и на Шкупи.
Интересно, и двајцата имаат играно за Шкендија, сега е време и двајцата заедно да го предводат тимот од Тетово кој веќе две сезони по ред не може да дојде до титулата.