Ерлинг Халанд во првата сезона во Премиер лигата е избран за најдобар фудбалер. Напаѓачот на Манчестер Сити имаше силна сезона, урна неколку рекорди и стана шампион. Тој има 36 гола во 35 меча со што го подобри претходниот рекорд на Енди Кол и Алан Ширер со по 34 гола во една сезона.
Норвежанецот е број 1 меѓу фановите, капитените на 20 тимови во Премиер лигата и комисија од фудбалски експерти. Претходно Норвежанецот ја доби наградата за најдобар фудбалер во гласањето на спортските новинари во Англија.
Не само тоа, Халанд ја доби наградата и за најдобар млад фудбалер за сезоната 2022/23 во најсилната англиска лига.
Така четврта сезона по ред фудбалер на Сити е најдобар во Премиер лигата. Де Брујне беше фудбалер на годината за 2020 и 2022 година, а Рубен Диаш во 2021 година.
Напаѓачот освои 82% од гласовите во конкуренција на Букајо Сако, Мартин Одегард, Маркус Рашфорд, Хари Кејн и Киран Трипие.