По цела една деценија доминација во Бундеслигата, ете денеска дојде денот кога Баерн Минхен се чини дека ќе го предаде тронот и тоа на најлутиот ривал, на Борусија Дортмунд. Клуб кој што од сезоната 2011/12 го чека пехарот во елитната германска лига.
Денеска од 15:30 часот се играат сите мечеви од последното 34.коло.
Во пресрет на ова коло Дортмунд е прв со освоени 70 бодови, додека Баерн Минхен е втор со 68 бода. „Милионерите“ играат дома со Мајнц, а баварците му гостуваат на Келн.
Математиките се јасни, тимот на Терзиќ сам си ја одлучува својата судбина. Во случај на победа и дефинитивно е шампион, а ако сака Баерн да биде првак тогаш мора прво да победи во Келн и да чека реми или пораз на Дортмунд.
Значи се е јасно, нема дилеми дека преполниот „Сигнал Идуна Парк“ ќе биде пекол за Мајнц, оваа шанса Дортмунд не смее да ја испушти по никоја цена.
Можеме само да претпоставиме какво ли ќе биде славјето ако се оди по планот.Интересно е тоа што фановите на Дортмунд уште од утринските часови се пред стадионот, немаат трпение мечот да започне, кој ли ќе чека до 15:30 часот.
Инаку информација од Германија, во која се вели дека оригиналниот шампионски пехар ќе биде во Дортмунд, а репликата во Келн, и разбирливо ако се знае дека „милионерите“ имаат поголеми шанси за освојувње на трофејот.
И на крај, ако некој најмногу ја посакува оваа титула, тоа е Марко Ројс, капитенот на Дортмунд и иконата на клубот, кој на „Сигнал Идуна Парк“ дојде во јули во 2012 година, во шампионскиот Дортмунд. Некој велат дека тој е малерот, барем на шега, но никој не се сомнева дека Марко денеска ќе го подигне пехарот за едно со своите соиграчи.
… war scheinbar eine gute Idee. 😮 pic.twitter.com/UuGHGySqUl
— Borussia Dortmund (@BVB) May 27, 2023