Кога ја добил првата плата, ѕвездата на Барса на својот татко му купил автомобил!

321

Се разбира секоја чест. Да се биде човек и да се внимава на своите родители. Таков е Алехандро Балде, ѕвездата на Барселона, кој има само 19 години и секако дека пред него е голема кариера.

А еве што вели фудбалерот за тоа како ги потрошил парите од првата плата како фудбалер.

Што купив од првата плата? Па, купив автомобил Ауди за мојот татко. Мојата мајка ме носеше на тренинзи со метро со оглед на тоа дека мојот татко мораше да оди на работа со единствениот автомобил кој што го имаше нашето семејство“ вели Балде кој е дете на Барселона, и тоа како успех ја мина “Ла Масија“, школата на каталонскиот клуб.

ПретходноЕвропско крштевање: Одбојкарките вечерва дебитираат во Сребрената лига
СледноУнгарецот Мате Валкуш победник на „Македонија Опен 2023“