Муамед Сејдини: Ќе продолжиме да бидеме сервис на фудбалот во Македонија!

966

Во Хотелот “Хилтон“ во Скопје започна Редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација. Како што се утврди, присутни се 60 од 62 делегати. Што значи дека сите одлуки ќе бидат важечки.

Инаку тука се и новите делегати од ОФС Тетово, и тоа Јовица Илиевски, Мухадин Исмаили, Дритон Муслиу кои имаат мандат до 2025 година.

Претставниците на ФИФА и УЕФА ги пренесоа поздравите од Џани Инфантино и Алексансер Чеферин и посакаа успех во работата за сите проекти на ФФМ.

Секако дека свое овбраќање имаше и претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини кој покрај другото истакна:

Ќе продолжиме да стоиме цврсто на земја и да бидеме сервис на фудбалот во Македонија. Само со силна желба и истрајност во работата можеме да стигнеме до посакуваните резултати” посочи Сејдини.

ПретходноДојде денот во Дортмунд да се слави титула, фановите се веќе пред стадион! (ВИДЕО)
СледноПозитивни вести од Шкотска: Се верува дека Миовски порано се враќа отколку што се очекуваше!