Играчите на Тиквеш, по примерот на големите тимови ширум светот, му приредија шпалир на новиот македонски ракометен шампион Еурофарм Пелистер. Пред дуелот во Битола во рамките на 14.коло од разигрувањето за титулата, ракометарите на Тиквеш ги поздравија играчите на Пелистер кои ја прекинаа доминацијата на Вардар и ја вратија титулата во Битола.