Фудбалерите на Лутон по цели три децении се пласираа во Премиер лигата. Денеска во финалето на плеј-оф дуелот на „Вембли“ против Ковентри, Лутон славеше по изведувањето на пенали со 7:6, откако мечот по 120 минути игра заврши без победник, 1:1.
Натпреварот не започна добро бидејќи во 12. минута капитенот на Лутон, Локјер колабираше и брзо беше пренесен во болница, а до крајот на натпреварот беше добиена информација дека е стабилен. Во преостанатиот дел од натпреварот, Лутон поведе во 23. Минута, додека Ковентри одговори во вториот дел и успеа да израмни дури во 66. минута.
Во пенал серијата, и двата тима беа одлични се до седмата серија, кога клучно беше промашувањето на Дабо, кој шутираше над голот.
Лутон последен пат беше во елитата во 1992 година. Претходно директен пласман во Премиер лигата обезбедија Барнли и Шефилд Јунајтед.
LUTON TOWN ARE IN THE 𝐏𝐑𝐄𝐌𝐈𝐄𝐑 𝐋𝐄𝐀𝐆𝐔𝐄 🙌
WHAT A JOURNEY FOR THE CLUB 🧡 pic.twitter.com/L1CPx77Gly
— Football Daily (@footballdaily) May 27, 2023