Српскиот тренер Саво Милошевиќ ќе го предводи Левски во новата сезона 2023/24, пишута „Тема Спорт“. Софискиот клуб наводно ги договорил сите детали со некогашниот српски репрезентативец и екс-тренер на Партизан и Олимпија Љубљана.
Левски разгледувал кандидатури на уште неколку тренери меѓутоа се покажале како поскапи варијанти од Милошевиќ. Некогашниот фудбалер на Парма, Сарагоса и Партизан ќе го замени на позицијата Емил Топузаков кој ќе остане во клубот, но ќе бира меѓу директор во младинските категории или помошник на новиот тренер.