Се чека само уште промоција: Нухиу и Бајрами на клупата на Шкендија!

1815

Се чини дека она што се најавуваше, а „Спортмедиа“ го најави уште пред десет дена, и ќе се оствари. Имено Ардијан Нухиу ќе биде новиот стратег на Шкендија. Имало преговори во изминатите неколку денови и тие завршиле успешно, остануваат само уште некои детали да се разрешат и се случи официјалната промоција.

Изненадување дека негов прв соработник ќе биде Муарем Бајрами кој до пред некој месец беше шеф на струката на Македонија ЃП, а претходно и на Шкупи.

Интересно, и двајцата имаат играно за Шкендија, сега е време и двајцата заедно да го предводат тимот од Тетово кој веќе две сезони по ред не може да дојде до титулата.

ПретходноОпштина Аеродром започна со реконструкција на новиот дом на Вардар и Комити!
СледноКарло Анчелоти го состави списокот на „отпишаните“!