Во чест на прерано починатата фудбалска легенда Синиша Михајловиќ, се планира на 11 октомври фудбалски спектакл на стадионот во Болоња.
Имено во чест на Синиша, негои соиграчи, познати спортисти, пејачи, глумци ќе одиграат пријателски натпревар а приходот ќе оди во добротворни цели.
И тоа на две адреси. Првата е за децата со аутизам а втората е за оделението на Онкологија во болницата во Болоња.
Да се потсетиме дека Синиша почина на 16 декември минатата година со што го остави во тага фудбалскиот свет.