Какво последно коло во Бундес лигата. Вистинска драма. Борусија Дортмунд влезе во последното коло како лидер и со два поени предност во однос на второпласираниот Баерн Минхен. Навивачите во жолти и црни дресови го исполнија „Сигнал Идуна Парк“ и чекаа фудбалерите да си ја завршат работата и да го победат Мајнц и да почне славењето.
Но Борусија Дортмунд ремизираше 2:2, а Баерн го победи Келн во гости со 2:1 и титулата остана во редовите на клубот од Баварија и покрај тоа што двата ривали завршија со исто бодови (по 71). Баерн е подобар во меѓусебниот скор.
Ништо не им одеше на „милионерите“, се изнапромашија, промашија и пенал на крајот останаа без титулата. По првото полувреме Ханче-Олсен и Онисиво донесоа предност за Мајнц од 0:2. Во меѓувреме Себастијан Але промаши пенал за Дортмунд за изедначување.
Во 69 минута намали Гереиро, па Дортмунд тргна со сите сили по победа но постигна само изедначувачки гол преку Зиле во 96 минута.
Во меѓувреме во Келн, Баерн имаше предност со голот на Коман во 8 минута. Во 81 минута Љубичиќ го изедначи резултатот и во тие моменти титулата беше кон Дортмунд. Сепак, германскиот шампион се врати и преку младиот Џамал Мусиала во 89 минута ја обезбеди победата и на крајот и титулата.
Така Баерн е шампион, Дортмунд заврши втор, трет е Лајпциг, а четврти Унион Берлин. Овие екипи ќе играат во ЛШ идната сезона.
Од лигата испаднаа Шалке и Херта, Штутгарт ќе игра бараж. Шалке доживеа пораз од РБ Лајпциг (2:4), а Штутгарт одигра само 1:1 со Хофенхајм недоволно за да се спаси.
JAMAL MUSIALA WINS THE TITLE FOR BAYERN 😍😍😍😍😍😍😍 pic.twitter.com/SCe0eorKsM
— Bayern & Football (@MunichFanpage) May 27, 2023