Унгарецот Мате Валкуш победник на „Македонија Опен 2023“

278

Младиот унгарски тенисер Мате Валкуш е освојувач на трофејот на тенискиот турнир „Македонија Опен 2023“. Во финалето кое се одигра на тениските терени на „ТК Југ“ Валкуш го совлада аргентинскиот тенисер Франциско Комесана со 2-0 во сетови со 6-3 и 6-4 и стигна до својот прв Челенџер трофеј во кариерата.

Тој почна од квалификациите и забележа седум победи во седум дена освојувајќи го трофејот.

Ова беше одлично финале, а и одлична недела за мене. Овој момент ќе го памтам до крајот на животот затоа што играв неколку финалиња во Челенџер турнири, но конечно сум  победник на еден таков. Среќен сум што го остварив ова“, изјави 24-годишниот тенисер.

Ваклуш со триумфот на Македонија Опен ќе заработи 75 поени и парична награда од 85.000 американски долари. Тој е вториот тенисер кој како квалификант го освоил турнирот по Гркот Василис Мазаракис кој успеа во тоа во 1999 година.

А тенисерите од Чешка Петр Ноуза и Ендрју Поулсен се победници на годинашниов Челинџер 75 Macedonian Open 2023 во двојки откако во финалето ги совладаа првите носители Шриран Балаџи и Џиван Недунчезиан од Индија со 2-0 во сетови (7-6(5) и 6-3) за 92 минути игра.

Да потсетиме дека Челенџер 75 турнирот после 23 години се организира во Македонија.

ПАТОТ ДО ТРОФЕЈОТ – МАТЕ ВАЛКУЗ
Финале – Франциско Комесана (Аргентина)   6-3, 6-4

1/2 финале – Драгош Николае Мадарас (4.носител, Шведска) 6-2 7-6(3)

1/4 финале – Азиз Дугаз (1, Тунис) 6-1 6-1

2.коло – Сумит Нагал (Индија) 7-5 0-6 6-2

1.коло – Ендрју Паулсон (Чешка) 2-6 6-3 6-4

2.коло квалификации – Матијас Бурже (Франција) 6-2 6-0

1.коло квалификации – Берг Бугариќ (Македонија) 6-4 6-1

ПретходноКога ја добил првата плата, ѕвездата на Барса на својот татко му купил автомобил!
СледноШкупи стартува на 31 мај