ФОТО за историја, Алкалоид е на „седмо небо“!

2347

Каков крај на сезоната за дебитантот во Супер-лигата. Алкалоид е хитот дефинитивно, со скромни амбиции до директно место во Европската лига. Вака Кирил Лазаров и неговите млади момци ја почнаа и завршија сезоната. Дебитантот е новиот вицепрвак, до овој епитет дојде на сметка на најтрофејниот колектив, Вардар 1961.

Лазаров по завршување на играчката кариера одлучи своите први чекори да ги направи во Македонија, цврсто реши да гради силен македонски бренд, два збора кои за многумина личеа на невозможна мисија. Своето искуство како играч, успеа да го пренесе на своите играчи како тренер. Од меч во меч во изминатите месеци Алкалоид растеше и се изгради во тим пред кого двапати падна Вардар, а за малку ќе му го земеше скалпот и на Пелистер.

На дело се покажа дека треба да се верувам во македонскиот производ, сепак има свои вредности и квалитети. Па оваа сезона научивме дека модерен ракомет со млади играчи во Македонија нуди само Алкалоид.

Наградата за упорноста и градењето на победнички менталитет на крајот дојде – ниту и самите момци не сонуваа дека ќе ја имаат привилегијата да одат директно во групите во Европската лига и да завршат како второпласирани во домашниот шампионат.

Историјата повторно е испишана. Овие млади момци ги заслужуваат сите честитки.

ПретходноТитулата е „зелено-бела“: Пелистер го исполни сонот на секој битолчанец (ФОТО)
СледноДеби на одбојкарките во Сребрената лига: Еден одличен сет и пораз од силната Австрија