Лудо беше во последното коло на Бундес лигата. Се решаваше за титулата, на крајот таа остана во редовите на Баерн кој го претрка Дортмунд во последните минути. Мусиала со гол во 89 минута донесе победа за Баерн кај Келн, а Дортмунд одигра само 2:2 со Мајнц.
Баерн и Дортмунд завршија со исто бодови, но „Баварците“ се подобри во меѓусебниот дуел. Овие две екипи одат во Лигата на шампионите идната сезона. Покрај нив патници во елитното клупско натпреварување се уште РБ Лајпциг и Унион Берлин кој ќе дебитира во тоа натпреварување.
Додека едниот берлински тим – Херта оди во Цвајте затоа што заврши последна на табелата, Унион ќе игра со великаните на европскиот фудбал во ЛШ. Да потсетиме дека во 2019 година Унион се натпреваруваше во втората Бундес лига, сега ќе се надигрува со големите ѕвезди на европскиот фудбал.
Во групите на Лига Европа ќе оди Фрајбург кој заврши на петтото место, а Баер Леверкузен ќе игра во Лигата на конференции.
Лигата ја напуштија Шалке и Херта, а Штутгарт ќе игра бараж за опстанок со третиот од Цвајте.
Во Бундес лигата се враќа Дармштат, а вториот патник ќе биде познат по одигрување на последното коло. Моментално Хајденхајм е втор со 64 бода, а Хамбургер трет со 63 бода.