Велковски го сопре Ал Наср, Роналдо остана без титула во С. Арабија

2329

На коло пред крајот на сезоната, Ал Итихад е нов шампион на Саудиска Арабија. На Ал Наср не му помогна ниту мултимилионското засилување во името на Кристијано Роналдо.

Вечерва Ал Итихад како гостин убедливо со 3:0 јасовлада Ал Фајха на нашиот Александар Трајковски и со тоа дојде до недостижни пет бода предност пред Ал Наср на Роналдо.

Ал Фајха остана на 30 бода, три бода над зоната за испаѓање, па опстанокот ќе се решава во последното коло против Ал Вехда.

Кристијано Роналдо со Ал Наср вечерва против Ал Етифак на Дарко Велковски не успеа да слави. Дуелот заврши без победник, 1:1.

ПретходноХаланд е избран за најдобар фудбалер во Премиер лигата
Следно„Нероаѕурите“ ја совладаа Аталанта: Интер и математички е во Лигата на шампионите (ВИДЕО)