Со пресврт за само неколку минути, фудбалерите на Фиорентина ја победија Рома на домашен терен со 2:1, во натпреварот од претпоследното 37. коло во Серија А. „Волчицата“ на овој начин ги загуби сите шанси да дојде до четвртото место кое води во Лигата на шампионите.
Фиорентина немаше резултатски императив, но некако успеа да ги залечи раните по поразот во финалето на Купот на Италија од Интер пред три дена. Гостите поведоа во 11. минута, кога Ел Шарави погоди за 0:1. Во меч во кој не се случуваше ништо драматично до 85 минута, видовме вистинска драма во која домашните со головите на Лука Јовиќ и Иконе се изборија за победа.
Три минути им беа доволни на домашните за целосен пресврт.