ПСЖ на коло пред крајот на сезоната во Франција и официјално е нов (стар) шампион!. Вечерва парижани одиграа 1:1 на гости кај Стразбур што им беше доволно и математички да ја потврдат деветтата титула во последните 11 сезони.
ПСЖ вкупно ја прославува 11-тата титула со што стана и рекордер, со оглед на тоа што Ст. Етјен има 10 титули, Марсеј има 9.
Голот вреден титула го постигна Лео Меси. За него ова беше вкупно 43. трофеј во фудбалската кариера.
35-годишниот напаѓач најверојатно ќе си замине од Париз ова лето, но ќе забележи уште еден шампионски пехар во своите витрини.
🎥 | Leo Messi’s Ligue 1 title winning goal vs Strasbourg ⚽️🐐 pic.twitter.com/NNYoXZnGgB
— PSG Chief (@psg_chief) May 27, 2023