Како што и беше најавено од страна Општина Аеродром во врска со обезбедување на нов дом на Вардар и Комити. Од општината споделија информација на социјалните мрежи дека започната е реконструкцијата на игралиштето на кое предвидено е Вардар да ги одработува своите тренинзи:
„По иницијатива на градоначалникот Тимчо Муцунски и претседателот на Советот Дејан Митески, како и со поддршка на општествено-одговорна компанија, денеска почнаа активностите за реконструкција на фудбалското игралиште во близина на СЦ ,,Јане Сандански”.
Почетниот чекор во насока на обезбедување нов дом за FK Vardar и Komiti Skopje, опфаќа целосна реконструкција на системот за одржување на теренот и поставување нова тревна површина. Со инвестиција на одговорните компании од околу 2 милиони денари, првиот тим и младинските школи на ФК Вардар ќе добијат место на кое ќе можат да ги одржуваат своите тренинзи и натпревари.
Општина Аеродром на дело ја докажува посветеноста кон обезбедување модерни услови за спорт, како и помош и поддршка за клубот кој е гордост на Скопје и Македонија“ се вели во информацијата на Општина Аеродром.