Саво Милошевиќ ќе го тренира Левски

157

Српскиот тренер Саво Милошевиќ ќе го предводи Левски во новата сезона 2023/24, пишута „Тема Спорт“. Софискиот клуб наводно ги договорил сите детали со некогашниот српски репрезентативец и екс-тренер на Партизан и Олимпија Љубљана.

Левски разгледувал кандидатури на уште неколку тренери меѓутоа се покажале како поскапи варијанти од Милошевиќ. Некогашниот фудбалер на Парма, Сарагоса и Партизан ќе го замени на позицијата Емил Топузаков кој ќе остане во клубот, но ќе бира меѓу директор во младинските категории или помошник на новиот тренер.

ПретходноМеси со гол му обезбеди нов шампионски наслов на ПСЖ (ВИДЕО)
СледноБостон на чекор до чудо, Вајт со звукот на сирената го урна Мајами (ВИДЕО)