„Сребрените“ одбојкари вечерва против Украина ја отвораат Европската Златна лига 2023

259

По четири одиграни финалиња во Европската лига и освоени две сребра и две бронзи, машката одбојкарска репрезентација на Македонија, вечерва (19 ч.) во полскиот град Лоѓ го почнува своето ново учество во ова силно европско натпреварување. Предводени од новиот селектор Јошко Миленкоски, нашите најдобри одбојкари настапот во силната Eвропска Златна лига го почнуваат со дуел против селекцијата на Украина, која поради војната со Русија своите мечеви како домаќин ќе ги игра во Полска.

Украина, покрај Белгија и Хрватска, е првиот ривал на нашите одбојкари, кои учеството во Златната лига ќе го искористат и како генерална подготовка за настап на Европското првеснтво кое ова лето не очекува во Скопје. Сепак, како што истакна и селекторот Миленкоски, ќе се искористи секоја шанса да се стигне и до Ф4 турнирот во Хрватска.

Украина е исклучително квалитетна репрезентација која котира на 10. место на европската ранг-листа на ЦЕВ, за разлика од Македонија која е на 25. место. Украинците се четвртфиналисти од последното Светско првенство и се уште важат за едни од главните кандидати дури и во битката за златото во оваа лига, што практично на најдобриот ќе му обезбеди учество во Светската лига следната сезона.

„Украинците ќе бидат комплетни со својот најдобар тим. Беа седмопласирани на последното СП, играа четвртфинале и јасно е дека станува збор за селекција од светскиот одбојкарски врв. И тие како и останатите учесници во оваа Златна лига имаат за цел да се борат за пласман во Светската лига. Ние, секако, ќе си ја бараме нашата шанса“, изјави Јошко Миленкоски, пред заминувањето за Лоѓ, каде нашата репрезентација синоќа го одржа и официјалниот тренинг, а денеска имаше и еден утрински тренинг пред вечерашниoт дуел.

Во фокусот ќе бидат најдобрите одбојкари во двете репрезентации. Кај нас капитенот Никола Ѓорѓиев, на спротивната страна Олех Плотницки, кој е еден од најдобрите смечери во Италија.


🇲🇰 МАКЕДОНИЈА:

ТЕХНИЧАРИ: Филип Деспотовски и Ѓорѓи Ѓорѓиев; КОРЕКТОРИ: Никола Ѓорѓиев; ПРИМАЧИ: Александар Љафтов, Владо Милев, Стојан Илиев, Лука Костиќ, Ангел Бошков; СРЕДНИ БЛОКЕРИ: Филип Маџунков, Филип Савовски, Филип Лепидовски, Славе Наков; ЛИБЕРО: Дарко Ангеловски, Васе Михаилов.


🇺🇦 УКРАИНА: 

ТЕХНИЧАРИ: Виталиј Шчитков, Јуриј Синција; КОРЕКТОРИ: Олех Плотницки, Тимофи Полујан, Виталиј Кучер, Илија Ковалов; ЛИБЕРО: Олександр Боико, Дмитро Канаиев; СРЕДБИ БЛОКЕРИ: Максим Дрозд, Јуриј Семениук, Дмитро Тероменко, Владислав Шчуров; ПРИМАЧИ: Васил Тупчии, Јевхени Кисилиук.


🏐 ЕВРОПСКА ЗЛАТНА ЛИГА 2023

ГРУПА „Б“ – 1 КОЛО (ДЕНЕСКА):

17:00 Белгија – Хрватска

19:00 Украина – Македонија (📺 Арена Спорт 2)

ПретходноРедовно годишно Собрание: ФФМ за 2022 година е во плус од околу 4,2 милиони евра! (ФОТО)
СледноЛеброн го чека синот во НБА: Обложувалниците ги извадија коефициентите каде ќе играат заедно!