Нема премногу одмор за тимот на Шкупи. Чаирчани ги чека битка за пласман во Конеренциската лига летово, па токму затоа од клубот во корелација со стручниот штаб, летните подготовки да ги започнат на 31 мај.
Почетокот нормално ќе се случи во домашни услови, на стадионот на Чаир, а по пет дена работа таму се заминува за Охрид.
Престојот во градот покрај Охридското езеро ќе биде до 12 јуни, додека потоа екипата ќе остане уште два дена во Скопје, за на 16 јуни да замине во тренинг кампот во Турција, поточно Болу, каде ќе останете до 30 јуни.
Секако, дополнително ќе бидат познати и спаринг партнерите за пријателските средби кои ќе бидат одиграни, а напоредно се работи и на засилувањата кои несомнено ќе пристигнат.