И дефинитовно Килијан Мбапе, веројатно во моментов најголемата фудбалска ѕвезда во светот, е голем господин, вистински џентлмен.
Имено синоќа пред мечот со Стразбур, напаѓачот на ПСЖ при загревањето ја шутна топката која заврши на трибините и погоди една девојка во носот. Веројатно и беше скршен со оглед на тоа колку крвареше.
Кога виде што стори, како што се гледа од видеото, Мбапе влета на трибината, дојде до несреќната девојка и потоа и се извини. Тој беше цело време со неа кога лекарите и ја санираа повредата. Девојката не беше лута, напротив, и покрај скршениот нос таа цело време се потсмеваше, сепак не е мала работа еден Мбапе да ти го скрши носот.
Kylian Mbappé goes over to check up on a woman he accidentally hit with a shot, during the warm-up in Strasbourg.
(📽@Footballogue)pic.twitter.com/kWHgDXET2v
— Get French Football News (@GFFN) May 27, 2023